COMPETITION – UKIM

Project/ Architecture

Location/ Skopje

Year/ 2014

Status/ Competition

Team/ Authors: Dejan Ivanovski, Risto Avramovski, Ana Boranieva, Bisera Krckovska, Marija Trenevska

 

Новите два објекта кои се предмет на овој архитектонски конкурс  се зградите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерстово.  Според Деталниот урбанистички план објектите се поставени во непосредна близина  најголемата раскрсница во градот, односно на запад градежната парцела граничи со булеварот Крсте Петков Мисирков, а на југ со булеварот Гоце Делчев.

Локацијата на север граничи со густа урбана структура на ниски објекти од различен карактер, во која е сместена и старо-новата бања, додека на исток се допира со ректоратот на Универзитетот и целиот комплек факултети. Градежните парцели на двата факултета се со димензии 35 метри на 55 метри. Парцелите речеси се „допираат” со својата потесна страна.

Предлогот предвидува во меѓупросторот на двата објекта да се формира еден минимален плоштад-собирно место, еквивалентен на постојниот плоштадот  во внатрешноста на комплексот факултети. Тоа би се овозможило со повлекување на едниот објект. Моменталниот плошдад создаден помеѓу парцелите 1.1.7 и 1.1.6 е претесен за комуникација на двете згради, одтука предлогот е дека самата зграда на некој начин треба да создаде поголема јавна површина со што ќе овозможи покриена јавна зона која ќе биде пријатно место за користење во сончевите и врнежливите денови од годината за студентите на двата факултета.

Leave a Reply