COMPETITION – Expo 2010 in Shanghai

Project/ Architecture

Location/ Shanghai

Year/ 2010

Status/ Competition

Team/ Authors: Dejan Ivanovski, Risto Avramovski, Ana Boranieva, Filip Jovanovski

 

Урбан континуитет во време и простор беше појдовна точка за презентација на Република Македонија на светската изложба во Шангај 2010 година.

Како да се презентира македонската урбана култура, а патем да се избегне класична документарна поставка, е тема на која баравме одговор. Просторот наменет за презентација на Република Македонија, во самиот концепт е третиран како микро мобилен музеј, кој има времен карактер. Размислувањето се движеше во насока да се пронајде архитектонска алатка, со која одредена емоција може интензивно и недвосмислено да се пренесе на еден мал простор, кој всушност е фрагмент на една долга историја.

Македонскиот павилјон за светската изложба во Шангај во обликовна и програмска смисла претставува концентричен квадрат исполнет со одредена програма, по периметарот, и концентричен квадрат во внатрешноста, како симбол на стабилност, исполнет со празнина, што зборува за односот на периферијата и центарот, како место за собир(настан, архитектура) налик на еден мал плоштад во рамките на павилјонот. Внатрешниот квадрат претставува празнина во која се чуствува присутност на надвор и внатре, на лево и десно, постои блискост и одалеченост, всушност станува форма на фокусираност, каде што околината е занемарена, престанува. Тој простор го надополнува вековното писмо глаголица кој е симбол на вечен континуитет, во временска рамка.

Самиот простор е врамен со перфорирани панели со мотив на писмото, кои заедно со празнината претставуваат дел од изложбата, сами по себе.

Leave a Reply