COMPETITION – Urban furniture

Project/ Urban furniture/ Architecture/Design

Location/ Skopje

Year/ 2011

Status/ Competition

Team/ Authors: Dejan Ivanovski, Risto Avramovski, Ana Boranieva

Дали секој уличен продавач од Скопје може да го користи овој прототип на тезга, без разлика на производот што го продава? Ова прашање е еден од параметрите кој го водеше овој проект низ процес на обликување.

Уличните продавачи во Скопје  поседуваат тезги кои најчесто се направени според потребите и типот на производот што се продава. Најчесто тоа се импровизирани засолништа  кои ги задоволуваат основните потреби на една тезга. Составени се од изложбен пулт, мал магацин, и некаков тип на заштита од атмосферски влијанија. 

Потребата за унифицираност на овој тип на урбана опрема е важна за целокупната визуелна слика на градот.

Појдовната точка на овој проект се овие неколку суштински елементи кои, и за овој проект претставуваа база за развивање на еден микро јавен простор, наречен тезга.

Тенденцијата е да се стигне до урбана опрема која по својата надворешност ќе биде препознатлив белег на градот од една страна, и од друга страна ќе ги задоволи сите потреби на корисниците.

Овој мобилен објект  освен основната функција претставува и трансформирачки микро објект. Оваа трансформација  е важна затоа што Скопје има повеќе  типови на настани кои имаат потреба од поголема флексибилност (виноскоп,саем за мед,презентации,продажба на книги…) каде во зависност од производот на изложување  овој модел на тезга може да се трансформира во четири позиции. Позиција 1. основен тип  на тезга,позиција 2. маса за дегустација, позиција 3. тезга+билборд,позиција 4.  скулптура(светлечко тело).

Овој проект освен основните потреби во обликовна и програмска смисла на една тезга содржи и дополнителна програма која ќе овозможи лесно поставување на места каде е тешко да се обезбеди електрична енергија, а со тоа и ќе овозможи независно функционирање на самата тезга од градската електрична мрежа.

На горната површина на тезгата е поставен фотоволтаичен панел, кој е вдлабен во самата структура на тезгата под одреден агол, со што е овозможено максимално користење на сончевата светлина. Овој фотоволтаичен панел со димензии 100/50 см со помош на систем за конвертирање на енеријата овозможува 200 вати електрична енергија, а со тоа и приклучок на сите апарати кои се потребни за вршење на некоја услужна дејност. И тоа: фискален апарат, мобилен компјутер, фрижидер, апарат за пуканки, светло…со акумулираната енергија во текот на денот (во сончевите месеци)  овозможува овие мобилни тезги  во текот на ноќта да служат и како улично осветлување. Овој систем на фотоволтаични панели е веќе применет во неколку скопски општини како извор за улично осветлување, а веќе е извесно дека во блиска иднина фотоволтаичните панели ќе бидат секојдневие, и задолжителна опрема на секој мобилен објект.

Материјал за изработка е користен челичен скелет како подлога на која се прикачуваат 1мм панели од inox или челичен хромиран рефлектирачки лим како завршна обработка на целата конструкција.

Inoxot или хромиран лим како материјал е значаен заради отпорноста на атмосферски влијанија, препораката на хасап стандардите за сите работни површини за храна да бидат изработени од истиот, и највеќе заради рефлективноста на материјалот, со што контекстот се рефлектира на површината на тезгата и со тоа таа станува дел од околината, односто исчезнува.

Тезгата е монтажно-демонтажна, нејзината обвивка бидејќи е рефлективна  лесно се вклопува во пејсаж,независна е од електрично напојување, може да ги задоволи сите типови на услуги,скулпурална е,лесно транспортлива е, препозналива е.

Со овој проект визуелно ќе се збогатат јавните пешачки површини на градот, а воедно овој мобилен објект ќе се претвори во препознатлив белег на град Скопје.