COMPETITION – Primary school in Skopje-Kapishtec

Project/ Architecture

Location/ Skopje

Year/ 2013

Status/ Competition

Team/ Authors: Dejan Ivanovski, Risto Avramovski, Ana Boranieva, Marjan Dimic, Pavel Veljanovski, SCArS 

Основно прашање на кое овој конкурсен проект се обидува да одговори е како на зададената локација да се испроектира нова функционална училишна зграда за современо основно образование, а притоа да се задржи (конзервира) постојниот вегетален пејзаж кој претставува основна одлика на локалитетот?! Како одговор, проектот предлага уредното интерполирање на неопходната програмска секвенца преку нејзино композициско расчленување во повеќе просторно-функционални подцелини, кои се „провлечени“ помеѓу наследената вегетална структура од високо зеленило. На тој начин е формирана органска врска помеѓу новата градба (архитектурата) и постојната природа (местото), а предложениот архитектонски волумен (кој е во рамки на – според ДУП – зададениот габарит на градежната парцела) го одликува висок степен на просторна порозност. Од една страна, ваквата порозност обезбедува широк спектар на различни просторни искуства кои обезбедуваат „меки“ премини помеѓу просторите за учење (внатре) и местата за учење, рекреација и социјализација (надвор). Од друга страна, мноштвото на различни простори (по мерка, форма и намена) придонесува училишниот комплекс да нуди богат репертоар на места каде учениците можат да остварат различен степен на интимност во рамки на колективниот простор. Во внатрешноста на училишниот објект централен ориентациски простор завзема свечената аула која доминира со својата просторна јасност, а во која се нагласени точките по кои се одвива, како процесијата на влегување и излегување од училиштето, така и комуникациските врски со сите останати функционални подцелини.

Leave a Reply