SCENOGRAPHY
Project/ Stage Design
Location/ Strumica
Year/ 2011
Status/ Realized project
Photography/Private
Team/ Authors: Dejan Ivanovski, Filip Jovanovski
Дејството се случува во едно од многубројните германски кнежевства во XVIII век.
Драмата е поделена во два дела, односно осум сцени /слики. Претставата се однесува на баронот Карл Фридрих Минхаузен. Познат како најголемиот светски лажго. Тој е вистинска личност која има “психолошко пореметување”, пренагласува и измислува ситуации и настани кои што се фантастични и нереални, во исто време ја има способноста на посебен начин да ги продлабочи и да се справи со истите.
Нашата задача беше да овозможиме трансформација на различни просторни конфигурации на самата сцена. Проектот се состои од пет идентични челични бели платформи, кои се поставени на тркала со што ги прават подвижни, и со можност за трансформација на истите. Подвижните платформи се трансформираат во вкупно девет позиции. Нивната трансформација и поставеност всушност создава динамичен простор за игра и развој на визуелната драматругија на претставата.
Од визуелен аспект претставата покрај овие 5 платформи е надополнета со неколку рамнински бели платна врз кои се проектираат сенки од специјално изработени кукли кои надополнуваат дел од дејствието во драмата, односно ги прикажуваат фантазиите на баронот .Претставата ќе биде одиграна во театар “Антон Панов” – Струмица
Режија: Ненад Витанов
![](https://arhitektri.mk/wp-content/uploads/2017/08/M8-1024x768.jpg)
![](https://arhitektri.mk/wp-content/uploads/2017/08/M6-1024x768.jpg)
![](https://arhitektri.mk/wp-content/uploads/2017/08/M7-1024x768.jpg)
![](https://arhitektri.mk/wp-content/uploads/2017/08/M2-1024x683.jpg)
![](https://arhitektri.mk/wp-content/uploads/2017/08/M3-1024x683.jpg)
![](https://arhitektri.mk/wp-content/uploads/2017/08/M4-1024x647.jpg)
![](https://arhitektri.mk/wp-content/uploads/2017/08/M5-1024x703.jpg)