PUBLIC SCULPTURES

Project/ Public furniture/ Design

Location/ Skopje

Year/ 2009

Status/ Realized project

Photography/Nikola Jakimov

Team/ Authors: Dejan Ivanovski, Risto Avramovski, Ana Boranieva, Ivana Topalovska, Jovan Ivanovski

 

ТОТЕМ

Човекот одсекогаш изнаоѓал начини да го означи просторот во кој што живее, на начин на кој што соопштува нешто за себе си или за социјалната однсоно културната група на која и припаѓа. Тотемите се едни од тие претстави и тие вообичаено претставуваат животински или други видови преку кои одредена социјална група се идентификува. Тотемот како форма на означување на просторот е популарен на сите континенти но најмногу на северноамериканскиот каде најчесто е употребуван од страна на домородните индијанци. Преку бројните екранизации особено во американските вестерн филмови, оваа култура на знаци се пренесе насекаде во светот и тоа во форма на културен производ. Во таа смисла, просторната инсталација во форма на Тотем во градскиот парк во Скопје, има за цел да го отвори прашањето на една богата култура која за жал е пред своето исчезнување.

НЕСИ

Покрај човекот, просторот на планетата Земја им припаѓа и на многу други животни форми. Со некои од тие видови сме современици но со некои не делат илјадници односно милиони години еволуција. Чудовиштето од езерот Лох Нес во Шкотска или попознато како Неси е едно од најпознатите митови за постењето на животен вид односно биолошка единка која е во врска со видовите од далечното минато на планетата Земја. Во тој контекст, просторната инсталација е обид да се портретира ова митско животно со чие постоење односно непостоење се обземени многу генерации на истражувачи на биолошкиот простор.

КСИЛОФОН

 Од сите сетила со помош на кои човекот го спознава просторот во кој што престојува, преку сетилото за звук доспеваат најголем број на информации. Во таа смисла, нашиот престој во физичкиот простор во голема мерка е престој во светот на звуците. Едукативната просторна инсталација ја експлоатира идејата дека секој посетител, во зависност од своето движење по инсталацијата, може да учествува во произведувањето на звуци.

Leave a Reply