COMPETITION – New bridge in Skopje
Project/ Architecture
Location/ Skopje
Year/ 2010
Status/ Competition
Team/ Authors: SCArS team + ARHITEKTRI team
Идејниот архитектонски проект за нов пешачки мост преку реката Вардар е концептуализиран преку два главни императиви:
На урбано ниво, императив на проектот е новиот пешачки мост да преставува просторна структура која уредно ќе биде интерполирана во постојната конфигурација на теренот односно во постојното (регулирано) корито на реката Вардар. Во тој контекст, врвен приоритет во обликувањето беше употребната површина на мостот треба да биде на иста висинска кота со јавниот простор кој овој мост го поврзува. Заради соодветно конфигурирана носива конструкција, обезбедена е непречена пеШачка односно велосипедска комуникација под самиот мост, како и соодветна поврзаност на рекреативно-еколошкиот сообраќај во мајор коритото со оној на шеталиштето кое се наоѓа на котата на градот. Заради потребата од безбедност на сите учесници во сообраќајот а првенствено на лицата со посебни потреби, благодарение на бараната широчина на мостот, на неговата хоризонтална употребна површина се предвидува одвојување на велосипедскиот од пешачкиот сообраЌај однсоно одвојување на брзите од спорите категории на корисници.
На обликовно ниво, императив на проектот беше архитектонско-естетскиот израз на новиот мост да соодвествува со современото, реално време на кое му припаѓаме. Во тој контекст, наспроти можноста естетските инспирации да ги лоцираме во историско-романтичарска носталгија или во технолоШко-футуристичко сонување, проектот за нов пешачки мост е концептуализиран како реинтерпретација на постојниот вегетален контекст кој е впрочем и најчитливата карактеристика на овој дел од градот. Во тој смисол, структуратата на мостот претставува едноставен, рационален и лесно изводлив линеарно-реШеткаст челичен носач чии составни структурални елементи се преработени, на начин на кој целината обликовно би се референцирала со структурата на соседниот дрворед. дополнително, површината на мостот е перфорирана со застаклени отвори преку кои сончевата светлина продира низ телесноста на мостот, едновремено формирајќи игра на светлината во водата, налик на онаа кога сончевите зраци продираат низ крошните. Од јужната и од северната страна на мостот, постојната бетонска ограда на кејот претрпува преработка во форма на урбана опрема, која во својот израз едновремено е и употребна но и знаковна, при што вибрацијата го укажува местото каде се сретнуваат повеќе правци. Пред бочните страни на главниот решеткаст носач, предвидени се две бетонски табли со иста големина како и пресекот на главниот носач на мостот, во кои треба да биде втисната шемата на делот од градот кон која посетителот се упатува, гест Што Ќе претставува и своевидна сигналитика. Дополнително, во рамките на главниот просторен носач на мостот, на неколку пунктови се појавуваат ниши во кои се изложени објави, предмети или друг промотивен матерјал преку кој би се референцирала активноста на културните институции кои се наоѓаат на левиот брег на реката, во непосредна близина на мостот.








