Team/ Authors: Dejan Ivanovski, Maksim Naumovski, Pavel Veljanoski, Simona Chingoska, Emilija Stojanoska
Реконструкција и адаптација на постоечки објект во нов функционален простор за потребите на новата Лабораторија на ОЕ Гранит.
Новото седиште на дирекцијата на ОЕ Гранит Лабораторија АД Скопје ќе биде лоциранo на улица ЊуДелхиска бр. 17 во населба Тафталиџе, општина Карпош.
Објектот се развива на две нивоа и тоа: на високото приземје се позиционирани канцеларии за вработените, сали за состаноци, архива на дирекцијата како и две чајни кујни и тоалети кои ги користат вработените и посетителите.
На ниво на сутерен е позиционирана Лабораторијата која е поделена на четири главни одделенија и тоа:
– Хемиска Лабораторија
– Асфалтна Лабораторија
– Геомеханика
– Бетонска Лабораторија
Влезот во објектот е на високо приземје, и се пристапува преку ветробранска врата. До вратата се пристапува преку надворешно скалиште и пешачка рампа за лица со телесни оштетувања. За спуштање кон сутерен (Лабораторијата) се користи вертикална комуникација – еднокрако скалиште позиционирано при самиот влез, и дополнително еднокрако скалиште на другата страна на објектот во близина на чајната кујна. За комуникација со Лабораторијата исто така се користи влезно излезна рампа за возила која служи за доставување на материјали и примероци потребни за самата лабораторија.
Дирекцијата како претпријатие ќе биде поврзана на сопствена и неазависна инфраструктурна мрежа која ќе опфаќа електрични инсталации, водоводни инсталации, инсталации за климатизација и принудно проветрување, противпожарни инсталации и други уреди за непречено функционирање на објектот.