House |ba|
Project/ Architecture
Location/ Skopje
Year/ 2010
Status/ Project
Team/ Authors: Dejan Ivanovski, Risto Avramovski, Ana Boranieva
Проектот опфаќа надградба на дел од куќа и промена на покривот во целост. Постоечката куќа (барака) од шеесеттите години на минатиот век во Тафталиџе (Карпош) ги има сите карактеристики на бараките од постземјотресните населби во Скопје. Се развива на приземно ниво, со исклучок на студиото, коешто има и потпокривен простор. Во однос на локацијата има преден мал (воведен) двор, со паркирање и интимен заден двор (градина). Интервенцијата се состои во пренамена и реорганизација на потпокривниот дел од студиото, од сликарско ателје во простории за живеење на брачен пар и дете. Волуменот на новиот „стан“ е со динамичен покрив, со натсветилки што создаваат динамична светлина во текот на целиот дел од годината и денот. На западната страна од куќата се создава длабока тераса, што преку комбинација од брисолеи создава „соба на отворено“ што се отвора кон спалната соба и просторот за работа, штитејќи ги од западното скопско сонце во летниот период од годината.