Реконструкцијата на куќата се состои во најголема мера од зачувување на постоечката геометрија на куќата и додавање на екстензија односно дополнителен конструктивен модул од на источната страна, со што куќата добива простор за дневна соба со две висини која визуелно се отвора и воспоставува посилна релација со околниот контекст и езерото. Новиот концепт опфаќа и промена на геометријата на кровот при што падот на водата во новопроектирана состојба е во оската запад-исток, делумна промена на конструктивниот систем и промена на целата програмска реорганизација на куќата.