Aritektri doo Skopje, Makedonija

-Dejan Ivanovski M.Arch

-Simona Chingoska M.Arch

-Anastasija Risteska Arch

-Ljubica Eftimova M.Arch

-Andreja Gjureski M.Eng

-Mihajlo Mihajloski Mech.Engr

-Nenad Tancev Electr.Engr

 

Овој архитектонски конкурс презентира решение за вкупно шест објекти. Две кули со различна програма, две станбени згради обединети во една структура за потребите на Универзитетот во Подгорица, природно вентилирана подземна гаража како и зелен плоштад на кровот од подземната гаража.

Зелениот плоштад  е со вкупна површина од околу 9000 м2 што е приближнa површина на две минимални фудбалски игралишта. Површината која ја нарековме зелен плоштад е поделена на четири зони со различна програмска намена за сите старосни категории на посетители.

Во рамките на секоја зона од зелениот плоштад на предвидената парцела  предвидено е комуникациско јадро и врска со подземната гаража на двете нивоа. Секое јадро во себе содржи лифт за лица со телесно оштетување, а истиот се користи за стари лица како и родители со мали деца.   

Во четирите зони сместени се реквизити како урбана опрема за деца од различни возарасти.

Последната, најодалечена зона на овој зелен простор е на некој начин зона од каде се очекуваат да пристигнат пешаци од другите блокови во околината и по внатрешната пешачка улица низ парцела  да го искусат овој зелен плоштад и под пасажот на зградите со намена домување на  да продолжат да се движат кон делот на Универзитетскиот кампус.

Зелениот парк има активни и пасивни зони на движење.

Подземната гаража е предвидена да се развива на две нивоа.

Ова решение следи две главни насоки и тоа:

  1. Остварување на максимален број на паркинг места со позиција на колски рампи според урбанистичкиот план
  2. Паркинг просторот природно осветлен и со природна вентилација и контрола на заедничкиот простор

Со ваквата поделба на паркинзи и внатрешни улици одредена некорисна површина од гаражниот простор останува слободна, па на тој начин останува слободен простор кој би бил наменет за садење на дрвја  која ќе овозможи природен пејсаж не само на зелениот плоштад  по нивното израснување туку и подземниот дел ќе добие по природен карактер. Овие површини на кои се садат дрвја (зелени зони) се дупки во челичните плочи кои ќе овозможат природна вентилација на подземните гаражи како и хуман подземен простор кој е природно вентилиран и осветлен што е услов овој поземен простор да остане лесно достапен за користење на деца и возрасни кои живеаат во овој кварт. 

Во објектот се предвидени вкупно пет скалишни јадра со пет лифтовски кабини кои се движат од второто подземно ниво на гаражата по вертикала до зелениот плоштад. Скалишните јадра се поставени во релација со влезовите на постоечките згради од квартот како и пешачките зони од зелениот плоштад.

На второто подземно ниво поставена е и програма за оддржување на автомобилскиот фонт и тоа: Перална за автомобили, продавница за дневна опрема на автомобили, соба за електрика како и соба за машинство. На првото подземно ниво како дополнителна програма се сместени и канти за подземно складирање на одпад кои се поставени во зоната кај колските рампи. На ова ниво поставени се и резервари за собирање на дождовна вода која ќе се користи за наводнување на паркот.Предлогот за подземната гаража ги следи сите параметри во урбанистичкиот план.

Материјалот кој е користен за изведба на гаражата е челик кој би се употребил за изработка на столбови, греди и плочи. Материјалот овозможува лесно совладување на распоните и мала површина како зафатнина на основата.   Ова ефикасно решение кое по пат на понудените отвори во плочата на природен начин ја вентилира гаражата со што цената на изведба се намалува значително во однос на стандрдните решенија на подземни гаражи.

Во овој конкурсен проект предвидени се и две станбени згради кои се планирани да  бидат симетрични со еднаква должина, ширина и висина. Основата на зградата е решена со централен коридор со скалишни јадра и лифтови во средината на основата.  Избор на ова решение е поради големата длабочина на парцелата како и потребата на распишувачот да се предвидат 50% мали станови. Во централниот дел на двете згради се позиционирани скалишни јадра со лифтови.

Двата објекта по хоризонтала поделени се во три основни програмски целини и тоа:

Сутерен кој е третиран како јавен простор со две отворени мини предавални за потребите на Универзитетот, во летниот период како можност за заштита од сонце.  На корисниците на кулите овој простор е корисен како добра можност за кафе пауза со заштита од дожд и сонце. Но и во вечерните часови овој јавен простор може да биде социјално програмски пункт каде старите и новите жители би можеле да се среќааваат и развиваат нови добрососетски релации, a студентите во летните месеци би можеле да проектираат вечерни видео проекции како нова програма во сосетството. На некој начин оваа јавна програма во сутеренот да биде нов јавен простор во сосетството.

Втората целина на овие две згради се двособни станови кој се развиваат од приземје до петти кат ориентирани кон зелениот плоштад и кон Универзитетот. Становите кои се позиционирани на приземје имаат можност да се затворат со панели и на тој начин да се заштити станот од бука и визури.

Трета целина се последните две нивоа на станови, дуплекси  кои се третирани како куќи со сопствени дворови. На овие две нивоа постојат станови кои се наменети за различни категории на луѓе со различни професии. Дуплекси за уметнички резиденции на првото ниво и спални соби на катот. Станови за групи на луѓе/студенти кои претстојуваат на одреден период за соработка со Универзитетот. Станови за семејства со миленици со дворови и др. Сите соби во овие дуплекси се со природно осветлување и секоја соба има посебен тоалет. 

Во овој конкурсен проект предвидени се и две кули кои се планирани да бидат симетрични со иста должина, ширина и висина, но со различна програма во двете завршни нивоа. Основното тело на кулата по верикала се состои од две основни целини.

Скалишно јадро со лифтови и технички простории наменети за машинско одделение (ладење и греење, со контрола), соба за електрика со посебен пристан и ПП заштита, како и тоалтети и кујни за катовите. Овие технички простории кои се залепени со калканот на соседот како една целина и втора целина е флексибилна основа која се менува според потребите и програмата по сите катови.

По хоризонтала кулата е поделена во четири основни целини:

  1. Приземје и сутерен по висина се обединети во една целина од 540 см. На тој начин ќе се добие целовит интегрален простор. Во флексибилниот простор од основата на ова ниво предвидени се кујна со сите пратечки содржини како и директна комуникација на магацинот наменет за кујната со паркингот кој е во непосредна близина на кулата. Во делот со поглед кон универзитетот е предвиден е ресторан со бар. Кујната на ова ниво има и магацински простор за припрема на храна и складирање со капацитет да ги задоволи и потребите за храна и пијалок на повисоките нивоа. Предвиден е и технички лифт кој би го користеле за потребите на кујната и магацинот за транспорт на храна за повисоките нивоа. Во рамките на оваа обединета основа на приземје и сутерен со двојна висина предвидена е и една позиција за вработено лице (рецепција) кое ќе може да ги насочи посетителите на кулата до својата посакувана дестинација на катовите. Тоалетите се позиционирани во техничкиот дел на кулата.
  2. Од први кат до петти кат се предвидени канцеларии со повеќе можности за нивна организација. Секогаш како и на приземјето постои технички дел на основата на катот за скали и лифтови со пратечки содржини, како и флексибилен дел каде е предвидено да се организираат канцеларии. Во средишните делови на кулата постојат повлекувања на фасадата кои служат за тераси со зеленило или за потребните вентилаци на катовите. На овој начин надворешните единици од вентилациите би биле интегрирани во фасадата.
  3. Шести, седми и осми кат се предвидени луксузни апартмани со различна ориентација. На фасадата се предвидени брисолеи кои би служеле за заштита од сончеви зраци како и задржување на интима. Се работи за четири луксузни бизнис апартмани со сопствени кујни по ниво кои во себе вклучуваат комплетна програма за повеќе деловни луѓе.
  4. Девети и десети кат на двете кули има различна програма. Во кулата кон запад предвидени се програми од бучен карактер како бар со ресторан за дeнско користење, како и програма која може да се користи во вечерните часови.

На ѕидот кој е ориентиран кон југ од приземјето па се до осмиот кат е калкански ѕид, но на последните две нивоа е слободен простор на кој може да се позиционира саат кој би асоцирал на кулата со сат во од 1667 година како еден од ретките отомански зачувани знаменитости во Подгорица.

Во кулата кон исток предвидена е програма од културен карактер како простор за изложби, простор за проекции на видео инсталации, мини читални и се што е во релација со простор кој е тивок и е со различен амбиент од просторот во соседната кула. Во двете кули овој простор е третиран како видиковец кон визурите на градот. Флексибилноста на решението овозможува различна програма по сите катови на кулата.

процес

композиција

карактеристични основи на кули

карактеристични основи на станови

карактеристични основи на станови

карактеристични основи на катна гаража

решение за парк

петта фасада

карактеристични пресеци