Современиот начин на едукација подразбира директен контакт на децата и учениците со тоа што го изучуваат. Преку директен допир со природата, децата стекнуваат трајни знаења бидејќи нивната интеракција значи и меморирање на тоа што го виделе или почувствувале. Поради тоа, целта на овој проект е децата од школска возраст, преку игра и рекреација, да се запознаат со природата во брегалничкиот регион, да научат повеќе за животинскиот и растителниот свет како и за позначајните геолокалитети во овој регион. Поради тоа, наш предизвик беше да направиме надворешен детски свет, во кој децата ќе присуствуваат на неколку часовна рекреативна настава, и преку игра ќе научат одредени работи, но ќе станат и свесни за значењето на заштитата на природата и нејзиното функционирање.