EXIBITION DESIGN Project/ Exsibition Location/ MOCA-Skopje Year/ 2017 Status/ Realized project Photography/Private archive, Monika Stojanovska Team/ Dejan Ivanovski Curator/ Zoran Petrovski |
Овој проект има за цел да создаде место.
Се работи за избор на конкретна локација која во себе вклучува две компоненти: едно дрво и една површина.
Проектот е во обид да реоткрие една локација во непосредна близина на зградата на Музејот на современа уметност во Скопје.
Се работи за едно дрво кое е лоцирано на северната страна од влезот на музејот и една тревна површина која е во непосредна близина на ова дрво. Овие две компоненти заедно со местото на седење создаваат една целина која претставува видиковец кон источната страна на градот Скопје.
Тоа место ќе материјализирано со камена калдрма која е составена од камени коцки со димензии 10/10/10 см. Со вкупна површина од 9м2 (300см/300см)
Оваа релација на дрвото и местото ќе ја материјализира оваа камена калдрма која по нејзиното поставување ќе биде обоена во бела боја.
Ова ново место всушност претставува точка во дворот на МСУ од каде може да се набљудува источната страна на Скопје од една страна, а од друга страна може да се набљудува зградата на музејот. Во одредени делови од денот дрвото кое е во непосредна близина на ова место создава сенка на самиот под. Сенката ќе го привлече набљудувачот да застане на оваа точка, ново место во дворот на музејот.
На денот на отворањето на изложбата уметницата Драгана Заревска (Телемама) ќе одржи мини соло настап проследен со звуци од жичан инструмент и вокал.
*** При санација на делото, изведувачот по своја проценка столицата која е поставена на површината ја менува висината на седење од 45 сантиметри на 27 сантиметри. Авторот се оградува од ваквата произволна санација!